Понекогаш животот носи премногу товар на едни плеќи. Билјана Темковска е жена која со години храбро се бори – со болка, со неизвесност, со предизвици кои ретко кој може да ги замисли.
-Помина низ тешка борба со карцином на матка и исцрпувачки терапии, но и покрај сè, остана исправена – силна, достоинствена и со надеж. Но, нејзината борба не застанува тука.
Покрај здравствената битка, Билјана е и самохрана мајка на шестгодишно дете – нејзината најголема причина да продолжи напред.
Во моментот е без работа и во период на опоравување, со сериозен финансиски товар кој секојдневно станува сè потежок.
Затоа денес се обраќаме до сите Вас. Да покажеме дека хуманоста постои. Да ѝ помогнеме да застане повторно на нозе. Да ѝ овозможиме мирно закрепнување и посигурна иднина за неа и нејзиното дете.
Ве молиме, доколку сте во можност – донирајте.
Секој придонес, без разлика колку е мал, значи многу. Споделете го овој повик – и така помагате. Заедно можеме да направиме разлика, се вели во повикот на ecrowd.mk.
Донирајте ОВДЕ.














