(Видео) Објавен сингл од новиот албум на Кирил Џајковски

По успехот на песната „Head High” со TK Wonder, која се најде на стотици плејлисти на радио станици низ светот, Кирил Џајковски ја објавува втората најава за новиот албум.

„Синглот „Trigger Vision” е соработка со Rootsman I, вокалист на бендот Conquering Lion и член на концертниот бенд на Џајковски. Слично како „Head High”, песната стилски му припаѓа на драменбејс жанрот, но вклучува и реге влијанија и претставува моќна комбинација од jungle, jump-up и електроника.

Албумот „Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои најуспешниот македонски електронски изведувач работеше со неговите соработници изминатите две години,“ велат од Filter Label.

Новиот сингл на Кирил Џајковски и Rootsman I, “Trigger Vision”, може да се слушне и преземе од следниов линк: filterlabel.fanlink.tv.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести