Само 210 Бугари од Македонија се пријавиле за гласањето на парламентарните избори во Бугарија

Само 210 етнички Бугари од Македонија се пријавиле за гласањето на пет избирачки места за парламентарните избори во Бугарија.

Во Македонија според последниот попис живеат околу 3.500 етнички Бугари.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување споредувајќи ја таа бројка со тврдењата од Софија за 200.000 етнички Бугари. Тој очекувал поголем интерес за гласање од граѓаните што Софија ги претставува како дел од бугарската заедница во Македонија.

Тој истовремено изрази очекување дека бугарските граѓани ќе изберат проевропска и добрососедски ориентирана влада, фокусирана на европските вредности и на Копенхагеншките критериуми, наместо на билатерални прашања од минатото.

Изборите во Бугарија се осми парламентарни избори од 2021 година наваму, во услови на долга политичка нестабилност и тешко составување влади.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести