(Фото) Филипче, Ахмети и Ковачевски имаат државно обезбедување од МВР

Лидерот на опозициската Левица и пратеник, Димитар Апасиев, откри кои пратеници имаат државно обезбедување од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој на Фејсбук објави писмен одговор на пратеничко прашање од претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, во кој од МВР информираат дека такво обезбедување имаат лидерот и пратеник на опозициската СДСМ, Венко Филипче, лидерот и пратеник на опозициската ДУИ, Али Ахмети, како и пратеникот и поранешен премиер од СДСМ, Димитар Ковачевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести