Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега од Македонија во Унгарија, каде е политички азилант, со нова книга ќе се престави на Саемот на книгата, кој е во тек.
Тој деновиве е актуелен поради најавата за негова екстрадиција од Унгарија, од страна на идниот унгарски премиер Петер Маѓар, ама не реагираше на Фејсбук на бројните медиумиски натписи во земјава, но и во Унгарија, како што обично прави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сега се јави да каже дека од вчера до среда, 29. април на Саемот на книгата, на штандот на издавачката куќа “Ѓурѓа” ќе може да се купи неговата книга “Добро е да се знае 2”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барањето за екстрадиција на Груевски е истечено, не го бара ни Интерпол
Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Груевски има и фирма во Унгарија
Фото: Груевски/Фејсбук












