На престојното Собрание на акционери на Стопанска банка АД Скопје, една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда за обичните акции, соопшти Банката преку Македонската берза.
Вкупната сума за таа намена е 1.030.150.620 денари бруто.
Бруто дивиденда по акција изнесува 59 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 11.06.2026 година.
Банката планира да исплати и дивиденда за приоритетните акции, а за таа намена се предвидени 1,36 милиони денари. Дивидендата за нив е 6 денари бруто за акција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Стопанска банка Скопје лани
Колку пари чувале граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје лани












