Техничката влада заминува во историјата по следните парламентарни избори

Техничката влада заминува во историјата, откако Собранието го донесе Законот за изменување на Законот за Влада, по скаратена постапка.

„За“ гласаа 70 пратеници, 11 беа “против“, а воздржани немаше.

Против укинувањето на техничката влада беа опозициските СДСМ и коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија седницата.

Техничка или преодна влада ќе има и за следните парламентарни избори, по што потоа ќе се укине.

Таа беше воведена во 2016 година како механизам што треба да гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри од опозицијата на 100 дена пред одржување на парламентарните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техничката влада нема да се укине за следните избори

Заминува ли техничката влада во историјата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести