Кој е Раде Трајковски Штекли, кој доби осум години затвор

Раде Трајковски Штекли е во фокусот на јавноста откако вчера од страна на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на осум години затвор за трговија со кокаин и марихуана.

Тој доби највисока казна од криминалната скопска група која ја предводеше, а која според обвинението, оперирала од јануари 2024 до јануари 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штекли осуден на осум години затвор

Во текот на судењете неговата одбрана тврдеше дека имал психички проблеми, дека халуцинира и има шизофренија. По изрекувањето на пресудата неговиот адвокат најави жалба, потенцирајќи дека тој имал здравствени проблеми поради кои тешко ја следел судската расправа, што пак влијаело на обезбедувањето докази во негова корист.

Штекли беше уапсен во јануари лани при обид за бегство, а случајот го водеше Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Според обвинението тој имал централна улога во групата, давал насоки, ја координирал продажбата на дрогата и бил во контакт со лица од странство и со домашни посредници за набавка на кокаин.

Дрогата се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана, а комуникацијата меѓу членовите се одвивала и преку апликации за заштитена комуникација.

Преживеа три обиди за ликвидација

Штекли и е добро познат на македонската јавност, пред се поради тоа што преживеа три напади за негова ликвидација.

Последниот беше во ноември 2024 година, кога во дворот на семејната куќа во скопска Ќерамидница беше активирана бомба, од која беше повреден и пренесен во болница и помина без сериозни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимка од моментот на експлозијата на бомбата во дворот на Раде Трајковски Штекли

Претходната година пак за краток период двапати беше нападнат во молот Ист Гејт во Скопје, а по вториот напад исто така заврши во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За третиот напад на Раде Трајковски Штекли пишуваат и српските и хрватските медиуми

Овој и претходните напади беа сметани за предупредување од криминалните кругови, посебно од новокомпонираната група „Барон/Белоница“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Кој е Раде Трајковски Штекли

Тој неофицијално се поврзуваше со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, по што за него беше распишана и меѓународна потерница.

Беше екстрадиран по апсење во Србија во 2021 година и одлежа шест-месечна затворска казна во затворот Скопје, за друго дело.

По првичните сомнежи, во истрагата за убиството на Јанушев, не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен и во Атина, Грција, во 2011 година како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои зад нападот на Раде Трајковски Штекли?

Не се откри кој пукаше во него и кој ја поставил бомбата

Во август 2023 година Штекли беше нападнат од две маскирани лица, на паркингот во Ист Гејт. Тогаш најверојатно го спаси блендираниот автомобил во кој се возел.

Возило во кое беа маскираните лица подоцна беше пронајдено запалено кај езерото Треска, скопско.

По два месеци исто така во Ист Гејт повторно беше пукано во него.

Се претпоставува дека трите напади се поврзани со криминална пресметка, но не се откри кој стои позади нив.

Фото: Инстаграм/Штекли/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести