Добивка од 1.4 милијарда денари за Комерцијална банка во првите три месеци

Во првите три месеци од годинава Комерцијална банка АД Скопје оствари добивка од 1.455,8 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Споредено со истиот период лани кога добивката на Банката изнесуваше 1.416,5 милиони денари, има раст на истата за 2,8%.

Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 115,4%, посочуваат од таму.

-Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 7,5% повисока во однос на истиот период минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените останати приходи, нето-приходи од провизии и зголемените нето-приходи од камати, велат од Банката.

Вкупните приходи изнесуваат 2.154,8 милиони денари и бележат зголемување од 6,4% во однос на истиот период минатата година.

-Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и истите се зголемени за 2,1% во однос на истиот период минатата година. Планот е исполнет со 102%.

Приходите по основ на камата бележат зголемување за 3,2%, при што најголем пораст бележат приходите од камата остварени од секторот држава поради зголеменото вложување во државни хартии од вредност.

Пораст бележат и приходите од камата од домаќинствата и нефинансиските друштва како резултат на зголемените пласмани.

Расходите по основ на камата бележат зголемување од 10,8% поради зголемените орочени депозити споредено со истиот период минатата година. Нето каматната маржа на ниво на Банката е намалена од 3,65% на крајот од првиот квартал од минатата година, на 3,45% на 31.03.2026 година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2026 година изнесуваат 384,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележат зголемување од 14,9% како резултат на зголемен обем на работење со клиентите во повеќето деловни активности, во услови на извршени намалувања на надоместоците од доменот на платежните услуги во земјата. Планот за анализираниот период е остварен со 128,3%.

Нето-приходите од курсни разлики на 31.03.2026 година изнесуваат 97,5 милиони денари и бележат намалување од 13,9% во однос на истиот период минатата година, додека Планот за анализираниот период е остварен со 107,1%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2026 година изнесуваат 158,9 милиони денари и бележат зголемување од 82,1% во однос на истиот период минатата година, во најголем обем поради зголемен износ на реализирана капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања. Планот е остварен со 63,9%, велат од таму.

Оперативните расходи изнесуваат 573,1 милион денари и во однос на истиот период минатата година се зголемени за 3,6%, во најголем дел како резултат на зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените, а во помал обем и поради зголемената амортизација. Планот е остварен со 76,9%, посочуваат од таму.

-Нето исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 31.03.2026 година изнесува 125,9 милиони денари и бележи зголемување од 152,9% во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 49,8 милиони денари.

Зголемувањето кај исправката на вредност на финансиските средства главно се должи на промената на
ризичната категорија кај одредени клиенти на Банката – правни лица. Ваквата промена е вградена во планските проекции за 2026 година, така што планот за трите месеци е остварен со 83%, велат од таму.

Вкупната актива на Банката на 31.03.2026 година достигнала 197.355,4 милиони денари и во однос на декември 2025 година бележи зголемување од 2,5%.

-Зголемувањето во најголем обем се должи на зголемените парични средства, зголемените вложувања во хартии од вредност, а во помал обем и поради зголемените кредити на комитенти. Планот е остварен со 101,2%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чувале граѓаните и фирмите во Комерцијална во првите три месеци

Комерцијална банка најавува дигитална картичка

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 1.350 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести