Во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, ОКТА АД Скопје меѓу друго објави и податоци за надоместоците на управните тела.
Како што информираат од таму 12,9 милиони денари биле исплатени за бруто плата на извршниот член на Одборот на директори, кој е и главен извршен директор, а 2 милиони денари биле исплатени како дополнителни придонеси.
Додека пак 5,2 милиони денари изнесуваат вкупните надоместоци на неизвршните членови на Одборот.
Одбор на директори го сочинуваат: претседател на Одборот, Вук Радовиќ, заменик претседателот Василиос Багиокос, извршниот член, Димитриос Пасхос, кој е и главен извршен директор, како и членовите – Андреас Триантопоулос, Дионисиос Роутсис, Панос Схиатис и Тхеодора Петроула.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкава дивиденда ќе дели ОКТА
ОКТА досега им заштеди на граѓаните и економијата околу пет милиони евра
ОКТА со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици














