Што е техничка влада, која се укинува

Македонија е уникатна по повеќе работи, а секако и по моделот на техничка влада кој многу ретко може да се сретне во светот.

Техничката влада по вчерашното гласање во македонското Собрание заминува во историјата, а таа ќе се формира за последен пат за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или вонредни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техничката влада заминува во историјата по следните парламентарни избори

Измените на Законот за Влада, со кој се укинува истата беа изгласани со 70 гласа “за“, а 11 пратеници гласаа „против„.

И покрај тоа што пред неколку месеци опозициските СДСМ и коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ, беа за нејзино укинување, сега беа против.

Предлогот за укинувањето на техничката влада дојде од Владата.

Што е техничка влада

Таа беше воведена во 2016 година како механизам што треба да гарантира фер и демократски избори.

Истата беше позната и како Пржинска, бидејќи моделот беше договорен по преговорите во Пржино помеѓу најголемите партии со посредство на меѓународната заедница.

Техничката влада имаше технички премиер кој го предлагаше актуелната власт, а во истата министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика ги предлагаше партијата во опозиција со најголем број пратеници во македонското Собрание.

Опозицијата, исто така, предлагаше и дополнителни заменици-министри во уште три министерства.

Критики

Главните критики на техничката влада беа дека до денот на гласање се блокираа државните институции, а целиот фокус беше ставен на политичкиот натпревар помеѓу партиите, додека во меѓувреме економијата и процесите во општеството стагнира.

Техничката влада беше нефункционална пред се поради внатрешните препирки и кочници меѓу министрите и замениците на власта и опозицијата, на штета на граѓаните.

И секако истата даваше лош имиџ за Македонија во меѓународните односи, односно испраќаше порака дека станува збор за неразвиена и недемократска земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На лидерската сите се согласиле за укинување на техничката влада: За што друго се разговарало

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести