Во првите три месеци од годинава Лотарија на Македонија АД Скопје остварила добивка од 1.600 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза.
Вкупните приходи за овој период изнесуваат 7.167 илјади денари, и истите се зголемени споредено со остварените приходи во истиот период лани.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 95,88% имаат оперативните приходи, кои за овој период бележат зголемување во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои се 4,12% од вкупните приходи, има зголемување во однос на истиот период лани, велат од таму.
Зголемување во однос на истиот период минатата година бележат и вкупните расходи, кои за овој период изнесуваат 5.339 илјади денари.
Оперативните расходи се зголемени во однос на истиот период лани и учествуваат со 100% во вкупните расходи, посочуваат од Друштвото.
Остварените консолидирани вкупни приходи изнесуваат 7.336 илјади денари и во споредба со остварените лани, бележат зголемување.
Консолидираните оперативни расходи пак изнесуваат 5.503 илјади денари и истите бележат зголемување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкава плата лани имала директорката на Лотарија на Македонија
Како работела Лотарија на Македонија лани














