Штекли осуден на осум години затвор

Скопјанецот Раде Трајковски Штекли, денеска од страна на Кривичниот суд Скопје беше осуден на осум години затвор за трговија со кокаин и марихуана.

Во текот на судењето неговата одбрана тврдеше дека имал психички проблеми, дека халуцинира и има шизофренија, а според обвинението, криминалната групата која ја предводел, оперирала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година, со јасна структура и дефинирани улоги.

Другите членови на неговата група добија помали казни.

Стефан Китанов, Александар Вучевски и Филип Таневски добија по пет години затвор, а Стојан Миланов три години и 10 месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести