Претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски е казнет со 550 евра поради тоа што го развиорил палестинското знаме на спортски натпревар.
Казната, како што информираат од Левица е „за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме.“
„Солидарноста е главната одлика на социјализмот и општо на анти-империјалистичката борба. Македонскиот народ е на страната на палестинскиот народ. Иако пробуваат нашите политички елити да го докажат спротивното.
Ние сме на правата страна на историјата а тие ќе пропаднат во нивната вазална сервилност. Времето ќе покаже чии вредности ќе победат. Слобода за Палестина,“ напиша Куцуловски на својот Фејсбук-профил.
Куцуловски беше приведен и со лисици беше изведен надвор од салата на СЦ „Јане Сандански“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерот на подмладокот на Левица, Куцуловски уапсен оти како навивач истакнал знаме на Палестина
Фото: Unsplash/видео: Левица














