Лидерот на подмладокот на Левица, Куцуловски уапсен оти како навивач истакнал знаме на Палестина

Лидерот на подмладокот на Левица, Андреј Куцуловски е уапсен, бидејќи на натпревар истакнал знаме на Палестина.

„Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во СЦ „Јане Сандански“, каде се одржувал финалниот натпревар од Светско училишно првенство во ракомет помеѓу Македонија и Израел, А.К. (28) истакнал знаме од Палестина.

Лицето е приведено во Полициска станица за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од Министерството за внатрешн и работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Куцуловски казнет со 550 евра оти носел палестинското знаме на спортски натпревар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести