Обединетите Арапски Емирати ја напуштаат ОПЕК

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе се повлечат од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), од 1. мај, јави денеска државната новинска агенција ВАМ.

Одлуката била донесена заради задоволување на растечката глобална побарувачка на енергенси, како и поради инвестиции во домашното производство на енергија.

Според аналитичарите, ова би значело почеток на крајот на ОПЕК, во која ОАЕ членуваше 60 години.

По почетокот на војната во Иран, ОАЕ се соочија со бројни напади со дронови и ракети од Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура.

Затворањето на Ормутскиот теснец нагло ја ограничи способноста на земјата за извоз на нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е значаен Ормутскиот теснец

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести