Македонија бележи пад од три места на Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници.
Земјата е рангирана на 45. место, а претходно беше на 42. место и влезе во групата на „проблематични“.
„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широкораспространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.
Исто така, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, се вели меѓу друго за Македонија.
Од регионот „проблематични“ како Македонија се и Хрватска (53), Бугарија (71), Албанија (83) и Грција (86).
Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) пак се во групата „тешка“ состојба.
Во групата „задоволителна“ состојба од регионот се само Словенија (36) и Црна Гора (41).
Најдобро рангирана, како и лани е Норвешка, а Еритреја е на последното место трета година по ред.
Треба да се спомене и дека во „проблематични“ земји е и САД, која е на 64. место и има пад од седум места.
Фото: Унсплеш












