ЗК Пелагонија АД Битола во првите три месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 43.230 илјади денари и иста е зголемена за 15% во однос на истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Како што информираат од таму, истата е зголемена поради зголемените оперативни приходи во апсолутен износ од 7.184 илјади денари и капитализираното сопствено производство зголемено во апсолутен износ за 3.915 илјади денари.
Оперативните приходи изнесуваат 149.919 илјади денари и истите бележат зголемување за 5% во однос на истиот период лани.
-Во структурата на оперативните приходи најголемо е учеството на приходите од продажба кои што учествуваат со 71,05% во вкупните оперативни приходи.
Приходите од продажба исто така се зголемени за 5% во однос на претходната година, односно зголемувањето во апсолутен износ изнесува 4.953 илјади денари, велат од таму.
Остварените оперативни расходи изнесуваат 158.380 илјади денари и се повисоки за 12%.
-Во анализираниот пресметковен период се евидентирани финансиски приходи во износ од 115 илјади денари, додека финансиските расходи изнесуваат 2.032 илјади денари (камати по краткорочни кредити, купопродажни односи и сл.), велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗК Пелагонија со драстичен раст на добивката лани














