Корисниците на македонски пензии во странство не се дискриминирани, оцени Уставен

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, информираа од таму.

Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои оствариле право на пензија според истиот закон, но живеат и ја примаат пензијата во државата.

-И покрај тоа што правото на пензија го остварил согласно важечкиот закон, со оспорените одредби тоа право му се ограничува врз основа на местото на живеење, што претставува повреда на уставно загарантираните права, се наведува во иницијативата.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести