Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргуваната на Македонската берза и во април.
Како што покажува месечниот билтен на Берзата со неа во тој период бил остварен промет од 147,5 милиони денари.
Следи акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 80,8 милиони денари и акцијата на НЛБ Банка АД Скопје, со која е остварен промет од 25,6 милиони денари.

Во Топ 5 се и акциите на Стопанска банка АД Скопје и Македонски Телеком АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пад на прометот и бројот на трансакции на Македонската берза во април














