(Видео) 20-годишна студентка од Турција пронајдена мртва во стан во Штип

Во Штип денеска во стан била пронајдена почината 20-годишна студентка од Турција.

Станува збор за У.Е., информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, а засега не е познато дали се работи за насилна смрт.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарникари интервенирале за да влезат во станот преку балконот.

Телото на девојката е предадено на обдукција во Клиничката болница Штип.

Видео: ТВ Стар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести