Дожд и ветер до викенд, во сабота обилни врнежи и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Се очекува минималните температури да се спуштат до 4 степени додека максималните да достигнат 26 степени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести