Самит Македонија2025: На регионот му е потребна подобра поврзаност, иновации, брзо делување и спречување на иселување на талентите

Имаме добри идеи, но потребно е да се претворат во пракса, беше порачано на панелот посветен на потенцијалите на регионот, кој се одржа во рамки на Самитот Македонија2025.

Бизнисмените бараат подобра поврзаност и подобро искористување на можностите со единствена цел, подобар живот во регионот за луѓето за да бидат мотивирани да останат овде .

„Не знам колку брзо ќе случи, луѓето губат трпение, животот поминува и затоа е потребна побрза имплементација и делување, за Балканот да се направи конкурентско место,“ истакна членот на бордот на диркетори на Македонија 2025 и генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Во однос на очекувањата за регионот за од три до пет години, Мукаетов додаде дека Македонија може да се позиционира како регионален центар за фарамцевтски технологии и иновации.

 „Имаме основа, Алкалоид може да биде лидер но потребна ни е повеќе култура и да станеме поиновативни. Можеме, и тоа може да биде голема додадена вредност,“ дополни Мукаетов.

Ана Драшковиќ, потпретседател и регионален генерален менаџер за Југоисточна Европа во „VISA“ вели дека иднината носи предизвици, како голем број на луѓе да се справаат со предизвиците на вештачка интелигенција (АИ).

„Прифатете ја АИ, луѓето кои ќе ја прифатат ќе имаат иднина ќе ги искористат можностите на АИ. Потребна е и преквалификација на работната сила,“ рече Драшковиќ.

Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара“ Скопје, истакна дека регионот има основа, но потребно е да спречи иселувањето на луѓето.

„Нема замена на човечкиот капитал, нема економија без луѓе. Потребно е да се  имплементира АИ предноста е што сме мали, бидејќи ни е потребно помалку време за имплементација. Естонија, само благодарејќи на нивната е-Влада привлекува многу инвеститори, иако нема подобри предуслови и географска положба,“ истакна Лазиќ.

Александар Сератлиќ, претседател на Надзорниот одбор на „Mercata VT Owner“ и член на надзорните одбори на „Vivex Group“, „Краш“ и „MPC Properties“ истакна дека компаниите треба да бидат похраби да го прошират бизнисот во регионот и да разменуваат таленти.

„Зошто да нема берза на цел регион, како и регионален пазар на капитал. Ако останеме во своите трла и бараме компании претставници за нас, ќе останеме на ова ниво. Треба да сме похрабри со купување на компании, ќе се експортира знаење со стекнување на нови имоти. Тоа би сакал да го видам во регионот, за три до пет години,“ истакна Сератлиќ.

На крајот на панелот се заклучи дека за од три до пет години, сите посакуваат да не се зборува за потенцијал туку за учинок, бидејќи има талент и капитал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инвеститорите бараат конзистентна регулаторна политика, предвидливост и сигурни места за својот капитал

Втор ден од Самитот на Македонија2025: Лидерството и довербата се клучни за иднината во ера на глобални промени и вештачка интелигенција

Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести