Дел од денешната програма на Виноскоп се преместува за утре поради најавените врнежи

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дел од дневната програма на фестивалот Виноскоп во Скопје се преместува за утре, информираа организаторите.

Денешната програма продолжува попладне во Градски парк.

Од 17 часот настапува DJ Bela, во 19:30 часот публиката ќе има можност да ужива во настапот на Мијата, од 21:30 часот следува Оркестар Дива, а вечерта ќе ја заокружат Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд, со настап од 23:30 часот.

Утре, Виноскоп продолжува со дневна програма од 12 до 18 часот, кога ќе настапат DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk.

Вечерниот дел е резервиран за DJ Carlito од 18 до 20 часот, а потоа, од 20 до 22 часот, програмата продолжува со Hat and Harmony.

Фото: Фејсбук/Виноскоп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести