Поради изјавите со кои го подржа протестот за полагање правосуден испит на албански јазик, на вонредниот и ополномоштен албанскиот амбасадор во Македонија, Денјон Мејдани, му бил упатен устен демарш од страна на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).
Тој не отишол во МНР, туку го пратил неговиот заменик.
МНР ги оценило неговите изјави како потенцијалното мешање во внатрешните работи на земјава, како несоодветни и дека се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна дипломатска комуникација.
Од МНР нагласиле и дека во иднина е потребно јавните настапи и изјави да бидат во духот на одличните пријателски односи и меѓусебното почитување меѓу двете земји, како и согласно вообичаените дипломатски стандарди и практики.














