Лани во Македонија загубите на вода на национално ниво изнесувале дури 63,05%, стои во извештајот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален (РКЕ).
Споредено со лани загубите се намалени за само 0,16%.
Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападен регион од 73%, додека најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен регион 47,88%.
Фактурираната количина на вода во 2025 година изнесува 36,95% и е на исто ниво како и претходната година (36,79%).
Домаќинствата од Југозападниот регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 m³, додека во Вардарскиот регион е најголема со 15,10 m³.
Фото: Унсплеш














