Изградбата на зграда на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква во скопската општина Центар, е во фокусот на јавноста, откако свлечиште затрупа багер и оштети тротоар и автомобил.
Исто така оштетена е и канализационата мрежа и уличното осветлување.
За среќа нема повредени, а инвеститорот е казнет за непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казни и санкции за инвеститорот за свлечиште на градилиштето во близина на Католичка црква
Истовремено, инвеститорот е задолжен и итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација, како и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.
Кој е инвеститор?
Според таблата поставена на градилиштето инвеститори се Про билдинг компани ДОО – Тетово и Палма траде Љумиаљ ДООЕЛ – Тетово.
Изведувач е Конструксиони-инвест ДООЕЛ Тетово.
Надзорот пак го прави ХИГХ Конструктион гроуп ДООЕЛ – Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Свлечиште во градилиште спроти Капиштец: Затрупан багер, оштетени автомобил и тротоар
Фото: Фејсбук/„Во одбрана на Буњаковец“














