Општина Центар ќе бара одземање на лиценците на вклучените во изградбата на зградата кај Католичката црква, каде имаше свлечиште

Од страна на градежниот инспектор на Општина Центар ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата на зградата на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, во скопската општина Центар, каде свлечиште оштети тротоар и автомобил и затрупа багер, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Свлечиште на градилиште во близина на Католичка црква: Затрупан багер, оштетени автомобил и тротоар

Општината ќе побара и утврдување одговорност од надзорот и изведувачот на објектот поради, како што велат од таму, несоодветно и несовесно постапување, согласно законските прописи, а за случајот ќе следуваат и соодветни пријави и постапки пред сите надлежни институции.

Исто така, од страна на Општина Центар до Основното јавно обвинителство е доставено и официјално известување со цел за понатамошно постапување во рамки на нивните надлежности.

На лице место вчера и денеска биле инспекциските служби на Општината, како и надлежните од Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам.

При увидот било констатирано и оштетување на коловозот, канализационата мрежа и уличното осветлување, но и низа неправилности во однос на изведбата на објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е инвеститор на зградата кај Католичката црква, каде свлечиште затрупа багер и оштети тротоар и автомобил

Казни и санкции за инвеститорот за свлечиште на градилиштето во близина на Католичка црква

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести