Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на Македонија, денеска од Охрид, на заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега, Христијан Мицкоски, оцени дека земјава добро напредува во исполнувањето на критериумите за членство во Европската унија (ЕУ), подвлекувајќи дека во моментов единственото отворено прашање остануваат односите со Бугарија, дека Хрватска внимателно го следи дијалогот меѓу двете земји и дека Хрватска ќе продолжи да помага во надминување на постојните пречки во евроинтегративниот процес.
-Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и нов премиер, господинот Радев, па ги очекуваме првите контакти, првите чекори што ќе ги направите на тоа ниво. Го следиме дијалогот што го имавте на министерско ниво и ќе настојуваме да ви помогнеме да се премостат пречките што постојат во тој процес, рече тој меѓу друго.
Прашан за нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, која ја форсира Украина во делот на проширувањето на ЕУ, рече дека Хрватска има јасен став – процесот на проширување мора да се темели на принципот на индивидуални заслуги и не смее да има „кратенки за едни, а бавност за други“.
Рече и дека, доколку се бараат нови модели за пристапување, тие мора да важат подеднакво за сите земји кандидати, посочувајќи и дека постои голема разлика меѓу Украина и останатите кандидати, особено во однос на нејзината големина, население и буџетските импликации врз ЕУ, поради што, како што рече, ќе биде потребно специфично решение за тоа прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија и Хрватска потпишаа договор за стратешка соработка
Фото: Влада














