Како што и се очекуваше со стартот на сезоната на одмори, дополнително се влошува состојбата по аеродромите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) во Шенген зоната.
Европското здружение на аеродроми – АЦИ Европа соопшти дека анкетирало 45 аеродроми во 20 земји-членки на ЕУ, а резултатите покажале дека системот предизвикува редици и до три и пол часа.
Повеќе аеродроми пријавиле прекумерно време на чекање, и покрај „екстензивната употреба на делумно суспендирање на EEС“.
Како што велат од таму се очекува ситуацијата „понатаму да се влоши“ и „да не може да се управуваа“ како што се зголемува обемот на патници кон врвот на летната сеозона.
АЦИ Европа бара да се решат техничките проблеми како што се „нестабилност на централниот ИТ систем и националните интерфејси“, како и нивоата на персонал на границата.
Фото: Унсплеш














