Ограничувања за чамците и скутерите во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро од 1. јули

Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе oдлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, информираа од Министерството.

Со одлуката се ограничува: пловидба на скутери во период од 1 јули до 31. август 2026 година од 11 часот се до 19 часот и пловидба на чамци и тоа: од 3 јуни до 31. август 2026 година во времетраење од 21.00 до 05.00 часот, од 1 септември до 30. септември 2026 година во времетраење од 20.00 до 06.00 часот од 1 октомври до 31. октомври 2026 година во времетраење од 19.00 до 06.00 часот.

-Оваа одлука се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата.

Исто така, информираме дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Апелираме до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи, велат од таму.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести