Под влијание на циклонска активност времето и денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота и во понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме
Фото: Unsplash













