Наместо четири до пет недели како што првично најавуваше американскиот претседател Доналд Трамп, војната во Иран, која се прошири на целиот Блиски Исток трае повеќе од три месеци.
Истата започна на 28. февруари.
Војната ја започнаа САД и Израел, кои го нападнаа Иран, кој пак ја прошири истата, напаѓајќи воени цели на САД и Израел во регионот, но и цивилни, во Саудиска Арабија, Кувајат, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Либија…
Истата придонесе до раст на цената на нафтата, гасот, храната, ѓубривата, ги поскапе авионските билети, ги потресе пазарите на недвижнини и осигурување… а во многу земји низ светот, меѓу кои и Македонија, донесе повисока инфлација и намалување на економскиот раст.
Поради војната Ормутскиот теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта, гас и храна, речиси и не функционира.
Во војната загинаа и илјадници лица, претежно цивили, најмногу во Иран и Либија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Фото: Унсплеш













