Училишниот базен во Чаир вреден 890 илјади евра – шест месеци бил завршен само на хартија, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2).
„Иако Општина Чаир на 21. ноември 2025 година до Електронскиот систем за јавни набавки доставила известување дека договорот за изградба на затворен базен во О.У. „Исмаил Ќемали” е 100 % реализиран, објектот беше свечено промовиран дури по шест месеци.
Општината го прогласила базенот за изграден во истиот ден кога добила извештај од надзорот кој набројува незавршени работи и допрва бара приклучување на електрична и водоводна мрежа, за да се изврши финалното тестирање на базенот,“ се вели во истражувањето.
Изградбата на базенот иницијално требала да биде завршена во јануари 2025 година.
„Наместо да ја активира договорната казна предвидена со договорот, Општина Чаир двапати го продолжила рокот за реализација на барање на самиот изведувач.
Брзањето договорот да се прикаже како завршен доаѓа во период кога фирмата носител на договорот, Еуровиа од Желино, во меѓувреме преименувана во ЕАКОМ од Тетово, заедно со друга фирма, аплицирала на нов оглас за изградба на уште еден затворен базен во Општина Чаир, овој пат во училиштето „7-ми Марси” (7 Март),“ се додава во истражувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash












