Истражување на ЦГК: За пет години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи врз основа на тендер стар 21 година и договори кои се „доверливи“

За пет години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи врз основа на тендер стар 21 година и договори кои се „доверливи“, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2).

„Најголем дел од 73. милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 години. Документите ги изработува фирма која победила на тендер пред 21 година. МВР не открива кога и под кои услови е продолжуван првичниот договор сè до денес.

МВР не ги открива ниту важечките договори за изработка на личните документи со образложение дека се класифицирани како „доверливи“. Министерството смета дека изнесувањето на податоците од склучените договори ќе имало последици врз нивното работењето, без да наведе за какви последици станува збор,“ се вели во истражувањето.

Во него се додава дека како „доверливи“ се заштитени од објавување дури и бројот на лични документи (пасоши, лични карти и возачки дозволи) кои се изготвени во изминатите години. МВР ги открива само вкупните финансиски податоци.

„Со ваквата тајност на целиот договор и неговите анекси, се ограничува увидот на јавноста во финансиските и во договорните аспекти на оваа набавка.

Нејасно е врз основа на кој закон е спроведена оваа набавка, која е исклучена од редовните конкурентски постапки за јавни набавки. Оттука, јавноста не може да провери дали исклучувањето од редовните правила било законски оправдано, неопходно и пропорционално,“ заклучуваат од ЦГК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување на ЦГК: Училишниот базен во Чаир вреден 890 илјади евра – шест месеци бил завршен само на хартија

Истражување на ЦГК: Летовите за евакуација на граѓаните од Блискиот Исток, МНР го платиле еден милион евра однапред, над законскиот лимит

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести