Истражување на ЦГК: Училишниот базен во Чаир вреден 890 илјади евра – шест месеци бил завршен само на хартија

Училишниот базен во Чаир вреден 890 илјади евра – шест месеци бил завршен само на хартија, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2).

„Иако Општина Чаир на 21. ноември 2025 година до Електронскиот систем за јавни набавки доставила известување дека договорот за изградба на затворен базен во О.У. „Исмаил Ќемали” е 100 % реализиран, објектот беше свечено промовиран дури по шест месеци. 

Општината го прогласила базенот за изграден во истиот ден кога добила извештај од надзорот кој набројува незавршени работи и допрва бара приклучување на електрична и водоводна мрежа, за да се изврши финалното тестирање на базенот,“ се вели во истражувањето.

Изградбата на базенот иницијално требала да биде завршена во јануари 2025 година.

„Наместо да ја активира договорната казна предвидена со договорот, Општина Чаир двапати го продолжила рокот за реализација на барање на самиот изведувач.

Брзањето договорот да се прикаже како завршен доаѓа во период кога фирмата носител на договорот, Еуровиа од Желино, во меѓувреме преименувана во ЕАКОМ од Тетово, заедно со друга фирма, аплицирала на нов оглас за изградба на уште еден затворен базен во Општина Чаир, овој пат во училиштето „7-ми Марси” (7 Март),“ се додава во истражувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување на ЦГК: Летовите за евакуација на граѓаните од Блискиот Исток, МНР го платиле еден милион евра однапред, над законскиот лимит

Истражување на ЦГК: За пет години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи врз основа на тендер стар 21 година и договори кои се „доверливи“

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести