Познат идентитетот и објавени фотографии од 26-годишната девојка од струшко која загина во сообраќајка во Албанија

Медиумите на албански јазик во Македонија го објавија идентитетот на 26-годишната девојка од земјава, која загина вчера во сообраќајна несреќа во Албанија.

Објавени се и нејзини фотографии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

26-годишна девојка од струшко загина во сообраќајка во Албанија

Станува збор Елмедина Љога, која е од струшкото село Ливада.

Сообраќајката се случила на патниот правец Поградец – Ќафасан, а девојката била сопатничка во возило кое го управувала друга жителка од селото, а кое се судрило со возило управувано од албанска државјанка од Корча.

Жените кои ги управувале возилата се пренесени во болница, се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.

Фото: Фејсбук/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести