Во Грција за брзо возење може да Ви го одземат и возилото: Кои се правилата и казните

Со новите законски прописи во Грција можете да останете и без возило доколку возите пребрзо, пренесува „Б92„.

Прописи

Во населени места е дозволена брзина до 30 километри на час, а на поголеми градски сообраќајници до 50 километри на час, освен ако не е поинаку означено.

Надвор од населени места е дозволено возење до 130 километри на час на автопат, до 110 километри на час на брзи сообраќајници и до 90 километри на час на останати патишта.

Казни

Казните за пречекорување на брзината се одредуваат според тоа колку е надминато ограничувањето, па така за до 20 километри на час над дозволеното казната е 150 евра, за над 30 километри на час, казната е 350 евра и одземање на возачка дозволата на 30 дена, а за над 50 километри на час казната е 700 евра и одземање на дозволата на 60 дена.

За особено опасно возење предвидени се уште построги санкции – за брзина од над 150 километри на час на автопат, за над 130 километри на брзи патишта или за над 120 километри на други патишта, казната е 350 евра и добивате забрана за управување со возилото 30 дена.

За брзина од над 200 километри на час казната е 2.000 евра и одземање на возачка дозвола на една година.

Кога може да Ви го одземат возилото

Привремено одземање на возило е предвидено во случаи на сериозно опасно возење. Тоа се однесува на ситуации кога возилото се користи за улични трки и опасни маневри, како и безобѕирно возење под дејство на алкохол или наркотични средства, особено кога се загрозени животи.

Во Грција, постапката за заплена ја покренува сообраќајната полиција, ја потврдува обвинителството, а конечната одлука ја носи судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За кампување на диво во Грција казна и до 300 евра за лице, а може и да Ве уапсат

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести