Медиумите на албански јазик во Македонија го објавија идентитетот на 26-годишната девојка од земјава, која загина вчера во сообраќајна несреќа во Албанија.
Објавени се и нејзини фотографии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
26-годишна девојка од струшко загина во сообраќајка во Албанија
Станува збор Елмедина Љога, која е од струшкото село Ливада.

Сообраќајката се случила на патниот правец Поградец – Ќафасан, а девојката била сопатничка во возило кое го управувала друга жителка од селото, а кое се судрило со возило управувано од албанска државјанка од Корча.
Жените кои ги управувале возилата се пренесени во болница, се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.
Фото: Фејсбук/Унсплеш












