Девојка на возраст од 26 години денеска загинала во сообраќајна несреќа која се случила на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија.
Како што објавија медиумите на албански јазик, станува збор за Е.Л. од струшкото село Ливада.
Таа била сопатничка во возило кое го управувала друга жителка од селото, а кое се судрило со возило управувано од албанска државјанка од Корча.
Повредени се и двете жени кои ги управувале возилата и биле пренесени во болница.
Тие се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.
Фото: Унсплеш












