Маж од Кочани кој се водел за исчезнат пронајден починат

Маж на возраст од 75 години кој се водел за исчезнат вчера бил пронајден починат на некатегоризан пат помеѓу селата Јастребник и Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“.

Станува збор за Ј.Д. од Кочани, кој како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) бил пријавен за исчезнат на 1. јуни од страна на неговиот внук.

Пред да исчезне престојувал во Јастребник.

Телото на починатиот било извлечено од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволна планинарска служба Осогово и е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести