Од 2. јули стартува авиолинијата Скопје-Анкара, а на истата ќе лета авиокомпанијата „АЏет“.
Информацијата за телевезија Сител ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
За истата нема да има државни субвенции.
За Турција од Македонија веќе лета „Туркиш ерлајнс“, која освен од Скопје, воспостави и летови до Охрид.
Фото: Унсплеш












