(Фото) Еко акција на НЛБ Банка за почиста животна средина „НЛБ Тим за почисто Водно“

Под мотото „За почисто Водно“, повеќе од 130 вработени – еко волонтери, вклучувајќи ги и сите членови на Управниот одбор на НЛБ Банка, ја поддржаа акцијата на Банката за расчистување на отпадот од зелените површини и рекреативните патеки на Водно, како дел од континуираните општествено одговорни активности што НЛБ Банка ги спроведува во рамки на својата ESG стратегија, информираат од таму.

-Оваа иницијатива претставува потврда за посветеноста на Банката кон заштита на природата и унапредување на квалитетот на животот во заедницата, испраќајќи силна порака за важноста од одговорен однос кон природата и јавниот простор.

Со заеднички ангажман, вработените реализираа повеќе од 400 волонтерски часови, давајќи конкретен придонес за почиста и поздрава животна средина. Особена вредност на настанот му даде и учеството на дел од вработените заедно со своите деца, што дополнително ја нагласи важноста од градење еколошка свест, зачувување на природните ресурси и негување на одговорен однос кон животната средина кај идните генерации, посочуваат од таму.

„Во НЛБ Банка веруваме дека вистинската одговорност кон заедницата се мери преку конкретни дела. Грижата за животната средина не е само наша стратешка определба, туку и обврска што ја живееме секојдневно, со личен пример, со активна вклученост и со јасна намера да придонесеме за подобар свет за генерациите што следат.

Како институција што е длабоко поврзана со заедницата, ќе продолжиме да иницираме и поддржуваме активности што создаваат трајна вредност, ја јакнат еколошката свест и оставаат позитивен белег во просторот во кој живееме и работиме,“истакнуваат од НЛБ Банка.

Во изминатиот период, Банката реализираше и други еко-иницијативи, меѓу кои акцијата за чистење на отпад во Виница под мотото „За почиста Виница“ во која учествуваа вработените во експозитурите на НЛБ Банка од источниот регион, како и донацијата на садници од лаванда за Холандскиот парк во Охрид, кои ги засадија учесниците на Лидерската конференција на Банката.

Еко-свесните и општествено одговорни активности претставуваат значаен сегмент од стратегијата на НЛБ Групацијата и се спроведуваат во сите земји каде што таа е присутна, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести