Завршена е реконструкцијата на новото крило во Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Општа болница во Струмица, а откако ќе биде целосно опремено, на почетокот на септември, ќе биде ставено во функција.
Во реконструкцијата се инвестирани 279.3 милиони денари, а истата опфати обемни градежни, инфраструктурни и технички зафати за модернизација на болничките капацитети.
За болницата е обезбеден и компјутерски томограф, вреден 43.5 милиони денари.
Изминатиот период таму се реализирани и 55 нови вработувања.
Болницата е регионален здравствен центар за повеќе од 200 илјади жители од Струмица, Радовиш, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село и околните општини.










Фото: Влада/МЗ













