Убиството на 45-годишната Гркинка Ставрула Левендаки на грчкиот остров Крит останува топ тема во соседна Грција, а од вчера и официјално за тоа е осомничен македонскиот државјанин Миско. Л. (43), пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот државјанин е осомничен за убиство со умисла на 45-годишната Левендаки
Неговата сопруга пак за грчката телевизија Мега вели дека тој е невин.
-Сигурна сум, мојот сопруг е невин. Го поддржувам тоа до смрт, неговото семејство, сите…, вели таа.
Тие биле во брак 20 години, а таа не работи на Крит како нејзиниот сопруг, туку на соседниот остров Гавдос.
За Левендаки вели дека била „чудна жена“ и обвинува дека против нејзиниот сопруг е „смислен заговор“ и дека тој го признал убиството под закана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот државјанин и убиената Гркинка имале љубовна афера?
Отфрла дека помеѓу двајцата имало љубовна афера.
-Мојот сопруг никогаш не погледнал друга жена. Ниту сега кога сме заедно 20 години, ниту на почетокот кога беше помлад, вели таа.
Освен што Миско Л. го призна убиството, грчката полиција информираше и дека располага и со многу други докази, од сведоштва и телекомуникациски податоци за осомничениот, до лабораториски ДНК анализи и видео-материјал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонски државјанин убил 45-годишна жена на Крит
Фото: Фејсбук













