Во ТРИ започна Летниот фестивал на книгата, под слоганот Читам значи патувам. Годинава тоа значи неколку новитети: сезонски предизвик – читателски пасош, свежи торбички, подароци, попусти до 70% и нови наслови.
„Пред летното патување, сите патишта водат до нашите книжарници, каде што читателите ги чека пасош за подигнување кој може да се добие со првата сметка од 500 денари. Предизвикот е едноставен: колку повеќе се чита, толку повеќе печати се добиваат.
Најпосветените читатели, кои ќе ги пополнат сите девет печати, покрај освојување мали подароци, ќе влезат во игра за главните награди: бесплатни книги цела година, вредносни ваучери и патување за двајца во Европа! Повеќе за читателскиот предизвик прочитајте тука,“ велат од ТРИ.
Од таму за летово го најавуваат преводот на новиот роман на италијанската романсиерка Али Хејзелвуд, „Скок во забранети води“, третиот дел од серијалот „Пред да се излади кафето“ на јапонскиот писател Тошиказу Кавагучи, „Пред да избледи сеќавањето“ и психолошкиот водич „Размислувајте како психолог“.
„И ова лето не ги оставаме нашите читатели неподготвени, па за на пат им спремивме торбички со нов дизајн кои ќе можат да ги најдат во книжарниците на ТРИ и онлајн на kniga.mk.
Сите радости што ги носи Фестивалот на книгата се достапни во каталогот кој може да се најде на prikazni.mk,“ додаваат од ТРИ.














