Македонија влегува во најголемата здравствена програма на ЕУ, EU4Health, која има буџет од 4,4 милијарди евра

Македонија влегува во најголемата здравствена програма на Европската унија (ЕУ), EU4Health.

Договорот за влегувањето на земјава во програмата неодамна беше потпишан во Брисел, Белгија.

Како што информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, истиот е значаен за натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики.

Со пристапувањето кон програмата, Македонија добива можност активно да учествува во европски повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и партнерства со институции од земјите членки и државите учеснички.

„Договорот предвидува ослободување од ДДВ, царини и други фискални давачки за добра и услуги финансирани преку програмата. Тоа е важно, бидејќи европските средства треба во најголема можна мера да бидат насочени кон реализација на проекти од јавен интерес и кон подобрување на здравствените услуги за граѓаните“, нагласи Алиу.

Истиот располага со буџет од 4,4 милијарди евра, а програмата отвора широк спектар на можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести