Бугарското МНР ќе проверува како дипломатскиот документ за патувањето на семејството на Мицкоски во Бугарија излезе во јавноста

Бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) ќе проверува како дипломатскиот допис од македонската Амбасада во Софија до бугарското МНР за патувањето на семејство на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, Бугарија, од јануари годинава, излегло во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски реагирал на настани што “поминале одамна„, велат од бугарското МНР за протекувањето на дипломатскиот документ за семејството на премиерот

Во првата реакција од бугарското МНР негираа дека нотата излегла од кај нив и дека се работи за настан кој се случил “многу одамна“, а сега за државната новинска агенција – БТА велат дека околностите околу случајот сè уште се разјаснувале и дека е наредено вршење проверка за утврдување на сите факти поврзани со обработката на нотата во рамките на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немаше јасен демант, ужасно сум разочаран од одговорот на Бугарија за протекувањето на дипломатскиот документ, вели Муцунски

Од таму потенцираат и дека Министерството посветувало “особено внимание на заштитата на дипломатската коресподенција и ги осудува сите дејствија што ги кршат строго утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Фејбук групата на која заврши дипломатски документ кој ја загрози безбедноста на семејството на Мицкоски

Соседна држава, членка на ЕУ, лобира Македонија да не добива европски пари, кажа Мицкоски

Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија

Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести