Со колкава брзина ќе треба да се управуваат електричните тротинети и кој ќе смее да ги вози: Што предвидуваат усвоените законски измени

Во македонското Собрание вчера беа изгласани измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се регулира управувањето електрични тротинети во јавниот сообраќај.

Со измените, максимална брзина за управување на електричните тротинети ќе биде 20 километри на час, наместо досегашните 25.

Со истите нема да смеат да управуваат лица под 18 години.

Исто така се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоци.

Освен парична казна се предвидува и одземање на возилото, ако со него управува малолетно лице, ако е пречекорена дозволената брзина, ако на тротинетот се превезува и друго лице, како и ако се вози под дејство на алкохол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести