Прометот во трговијата на мало во мај годинава бележи раст во повеќето категории во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Најголемо зголемување е регистрирано кај продажбата на автомобилски горива, додека позитивен тренд е забележан и кај храната, пијалаците и тутунот.
Реалната стапка на прометот во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е повисока за 9,1 процент во однос на мај минатата година.
Кај трговијата на мало со непрехранбени производи, без гориво, евидентиран е номинален пад од 3,6 проценти, но реално е забележан раст од 1,6 проценти.
Во категоријата „Трговија на мало, освен трговија со горива“, прометот номинално е зголемен за 6 проценти, а реално за 6,2 проценти.
Најизразен раст има кај трговијата на мало со автомобилски горива, каде што реалниот промет е зголемен за 14,7 проценти, додека номиналниот раст изнесува 36,2 проценти.
Фото: Unsplash














